Сè за вашите возила и возачи на едно место.
Флотко ги води трошоците, сервисите, роковите и документите за вашиот автомобил или за целиот возен парк на фирмата. Со AI асистент што разбира македонски.
Наскоро на Google Play. Првите корисници добиваат Pro 5 бесплатно.
- Регистрацијаза 12 дена
- Мал сервис1.250 км
- Прва помош03 / 2027
- ПП апарат11 / 2027
Што знае Флотко
За семејниот автомобил, за комбето на занаетчијата и за фирма со триесет возила. На македонски, без комплицирани табели.
Сите трошоци на едно место
Гориво, сервис, патарина, M-Tag и M-Card, казни, осигурување, перење, гуми. Во денари или евра, со слика од сметката.
Рокови што не се пропуштаат
Регистрација, технички преглед, прва помош, ПП апарат и сервис по километри. Телефонот ве потсетува навреме.
Документи и историја
Податоците од сообраќајната се читаат од фотографија. Целата историја на секое возило е секогаш при рака.
Извештаи што се разбираат
Потрошувачка на 100 км, цена по километар, месечен буџет, споредба по возило и по возач.
AI асистент на македонски
Прашајте „Колку потрошив на гориво оваа година?“ или сликајте сметка, асистентот ја пополнува.
Работи и без интернет
Сè се зачувува на телефонот. Кога има врска, податоците безбедно се синхронизираат во ЕУ (Франкфурт).
За фирми со возачи
Возачите внесуваат од своите телефони, вие гледате сè. Секој трошок е запишан со возачот, возилото и километражата.
- Испраќате кодЗа едно возило или за целата фирма.
- Возачот се приклучуваЈа инсталира апликацијата и го внесува кодот.
- Возачот внесува трошокГориво, патарина или сервис, со слика од сметката.
- Вие добивате известувањеИ извештаи по возило и по возач, на крајот од месецот.
За сервиси, авто-школи, продажни салони и технички прегледи
Подарете им на клиентите Флотко Pro 5 за 12 месеци. Вашето име и лого остануваат на нивниот телефон цела година.
- „Апликацијата е спонзорирана од …“ со вашето лого
- По избор: картичка со телефон, адреса, закажување и ваша порака
- Картички со QR код за печатење, со ваш назив и код
- Партнер панел со преглед на активирањата, без лични податоци за клиентите
За автосервиси, авто-школи, продажни салони, технички прегледи, осигурување и вулканизери.
Планови
Првите 30 дена се сè отклучено. Потоа изберете колку возила ви требаат.
| План | Возила | Што добивате | Цена |
|---|---|---|---|
| Бесплатно | 1 | Трошоци, рокови, потсетници и извештаи за едно возило. | 0 ден |
| Pro 5 | до 5 | Сè, вклучително возачи и AI асистент. Бесплатно со купон од наш партнер. | 5 $ годишно |
| Pro 30 | до 30 | За фирми со поголем возен парк. | 20 $ годишно |
Претплатата се плаќа преку Google Play и се откажува таму во секое време. Возилата каде сте само возач не се бројат.
Бидете меѓу првите и добијте Pro 5
Пробајте го Флотко пред сите. Првите корисници добиваат Pro 5 бесплатно една година: до 5 возила, возачи и AI асистент.
- Ни ја праќате Gmail адресата што е на вашиот Android телефон.
- Добивате линк и ја инсталирате апликацијата од Google Play.
- Ја користите и ни пишувате што би подобриле.
Се отвора е-пошта до info@flotko.mk. Само допишете ја Gmail адресата и испратете.
Прашања
Дали апликацијата е бесплатна?
Да. Првите 30 дена сè е отклучено, а потоа едно возило е бесплатно засекогаш. За повеќе возила има годишна претплата Pro 5 или Pro 30, или купон од наш партнер.
Каде се чуваат моите податоци?
На вашиот телефон и во Google Firebase во Франкфурт, Германија. Не продаваме податоци и нема реклами. Деталите се во политиката за приватност.
Што е купон од партнер?
Сервиси, авто-школи, продажни салони и технички прегледи им подаруваат на клиентите купон со кој добиваат Pro 5 бесплатно 12 месеци. Го скенирате QR кодот од картичката и готово.
Како возачите внесуваат трошоци?
Сопственикот праќа код, возачот се приклучува од својот телефон и внесува гориво и трошоци. Сопственикот добива известување и ги гледа извештаите по возач.
Има ли верзија за iPhone?
Засега Флотко е за Android. Верзија за iPhone планираме по објавата на Google Play.
Како да ја избришам сметката?
Во апликацијата: Поставки → Сметка → Избриши ја сметката. Или следете ги чекорите на оваа страница.